Извезен текстил вреден 337 милиони долари

Bez autora
Oct 01 2013

Се подобруваат состојбите во текстилната индустрија, соопшти Стопанската комора на Македонија. Извозот е зголемен за 8 отсто и во првите шест месеци достигна 337 милиони долари наспроти евидентираните 310 милиони во истиот период лани. Увозот, пак, е 255 милиони долари и е на речиси исто ниво како во 2012. Овој позитивен тренд, кој го покажуваат и резултатите од зголемувањето на извозот, е, пред с`, и делумно од заживувањето на економијата во ЕУ, како и од зголемувањето на цената на готовите производи. Проекциите за производството во наредниот период, за колекцијата пролет-лето 2014, најмногу ќе зависат од склучувањето на договорите со странските партнери кон крајот на идниот месец. Стопанската комора уште еднаш апелира на потребата од интензивна соработка меѓу науката, државата и бизнисот за зголемување на иновативноста, што би било чекор напред кон ЕУ. Kомпаниите членки остануваат на ставот дека е неопходна поддршка од државата, особено за автоматизација и модернизација за производството.

Извезен текстил вреден 337 милиони долариСе подобруваат состојбите во текстилната индустрија, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Извозот е зголемен за 8 отсто и во првите шест месеци достигна 337 милиони долари наспроти евидентираните 310 милиони во истиот период лани. Увозот, пак, е 255 милиони долари и е на речиси исто ниво како во 2012.

- Овој позитивен тренд, кој го покажуваат и резултатите од зголемувањето на извозот, е, пред с`, и делумно од заживувањето на економијата во ЕУ, како и од зголемувањето на цената на готовите производи - рече Сашо Деспотовски.

Проекциите за производството во наредниот период, за колекцијата пролет-лето 2014, најмногу ќе зависат од склучувањето на договорите со странските партнери кон крајот на идниот месец, нагласи Деспотовски.

Стопанската комора уште еднаш апелира на потребата од интензивна соработка меѓу науката, државата и бизнисот за зголемување на иновативноста, што би било чекор напред кон ЕУ. Kомпаниите членки остануваат на ставот дека е неопходна поддршка од државата, особено за автоматизација и модернизација за производството.

За една година, како што информира Стопанската комора, може да се очекуваат и првите акредитирани анализи на текстилните производи во лабораторијата на Технолошко-металуршкиот факултет, која е веќе опремена.

- Лабораторијата ќе овозможи повеќе видови услуги, проверка на квалитетот на производите и на рекламациите на купувачите, испитување на физичко-хемиските својства на текстилните материјали, нивната постојаност, бојата и степенот на белина, карактеризација на суровините - истакна Јадранка Аризанковска од Kомората.

Досега испитувањата се вршеа во странство и беа многу поскапи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik